Светскиот шампион со Дукати, Франческо Бањаја, иако падна во 13. круг на трката за Големата награда на Индија, останува на врвот на табелата кај возачите во Мото ГП. Неговата предност пред Хорхе Мартин е само 13 бодови.
„Не сум баш сигурен што точно се случи. Денеска решив да возам со потврда предна гума. Имав проблеми со сопирачките од почетокот на викендот“ – вели Бањаја.
„Такви грешки не треба да се случуваат. Запирањето е обично нашата посилна страна но, сега испадна дека ни е слабост. Не знам зошто но, мораме да го решиме тоа“ – вели возачот на Дукати.