Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав денеска ќе тренира во малото швајцарско место Фусисберг пред заминувањето во Вадуц в четврток за натпреварот против Лихтенштајн во рамки на Лигата на нациите, претпоследен во групната фаза.
Нашиот репрезентативец, Енис Барди смета дека Македонија на дуелот со Лихтенштајн мора да одигра внимателно и дисциплинирано, а резултатот од Скопје не смее да не залажува.
„Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде најдоброто од себе за да ја оствариме целта и да победиме против Лихтенштајн. Мораме да бидеме трпеливи и концентрирани, а тогаш ќе дојдат до израз нашите квалитети. Во Скопје одигравме одлично, но тој резултат не смее да не залажува бидејќи Лихтенштајн сигурно ќе сака да го поправи впечатокот пред домашната публика. Свесни сме за важноста на натпреварот и треба е да одиграме тактички добро и организирано“, вечли Барди.
Македонија во Вадуц в петок од 20:45 часот го игра дуелот со селекцијата на Лихтенштајн, додека последниот меч со Гибралтар ќе го одиграме на 19. ноември против селекцијата на Гибралтар на „Филип втори“ во Скопје.