Барселона ќе остане без голманот Марк-Андре Тер Штеген за финалето од Кралскиот куп против Валенсија. Финалето ќе се одигра на 25 мај на стадионот „Бенито Виљамарин“ во Севиља.
Германецот има повреда на коленото и ќе го продолжи со опоравување во наредните неколку недели. Лекарскиот тим на Барселона не може да го определи времетраењето на рехабилитацијата, но потврди дека Тер Штеген не ќе може да настапи во финалето на купот.