Барселона одлично ја започна новата сезона, а еден од најзаслужните за тоа е полскиот напаѓач Роберт Левандовски.
Тој има постигнато 14 гола во Ла Лига и моментално е најдобар стрелец на тимот, а шпанските медиуми пишуваат дека би можел да потпише нов договор.
Напаѓачот има договор со тимот до јуни 2025 година, но доколку одигра повеќе од 55 % од натпреварите, неговата соработка ќе биде продолжена за уште една сезона, но ќе добива и помала плата.
Левандовски моментално заработува 32 милиони евра годишно, но доколку го продолжи договорот ќе добие 26 милиони евра.