Повредата на играчот од средниот ред на Барселона и хрватската репрезентација Иван Ракитиќ е полесна од првичните прогнози и играчот ќе се врати на секојдневните обврски по десетина дена, пренесе весникот „Марка“.
Ракитиќ ја повреди ногата во пределот на потколеницата за време на победата на Хрватска со 3:2 против Шпанија и не учествуваше на натпреварот против Англија кој се играше вчера, а го загубија со (1:2).
Хрватскиот играч од средниот ред се очекува да се врати да игра за Барселона на натпреварот против ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите кој е на програмата на 28-ми ноември.