Забранетиот хормон за растење се користи во екипата на Барселона за да им помогне на играчите побрзо закрепнување. Ова го објави новинарот Греам Хантер, кој живее во главниот град на Каталонија.
Неговата информација осамна на социјалните мрежи само неколку часа откако „Football Leaks“ објави дека е некоја голема светска фудбалска ѕвезда била позитивна на допинг тест, но нејзиното име не е објавено. Хормонот за растење е апсолутно забранет во светскиот спорт, но јасно е дека неговата примена помага во опоравување од повреди. Засега не се споменуваат детали, но Хантер најави дека приказната допрва ќе добива на јачина.