Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез се здоби со повреда на десната нога на отворањето на новата сезона. Уругваецот се повреди уште во првиот дел на гостувањето кај Атлетик Билбао, каде каталонците беа поразени со1-0.
Суарез му се придружува на Лионел Меси во „амбулантата“ на Барселона, а денеска се очекува потврда на тежината на повредата и отсуството кое следува.