Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека каталонскиот клуб има намера да ги задржи дефанзивецот Жоао Кансело и крилниот напаѓач Жоао Феликс по истекувањето на нивните договори за позајмица на крајот од тековната сезона.
„Кансело и Феликс играат на високо ниво откако ни се приклучија. Клубот ќе може да ги задржи и во наредните сезони. Планираме да започнеме преговори за овие играчи во блиска иднина, бидејќи имаме добри односи и со Манчестер Сити и со Атлетико Мадрид“, изјави Лапорта.
Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека Барселона ќе биде подготвена да плати не повеќе од 15 милиони евра за Кансело, а да потрошат не повеќе од 30-40 милиони евра за Феликс.