Каталонскиот гигант Барселона покажа интерес да го привлече младиот напаѓач на РБ Салцбург Карим Адејеми.
Барселона понудила 40 милиони евра за 19-годишниот германски репрезентативец, информира „Sport.es“. Сериозна е конкуренцијата за потписот на талентот, Барселона, која е заинтересирана за овој играч ќе мора да се натпреварува со клубови како Манчестер Сити, Ливерпул, Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд), Атлетико Мадрид, Интер и ПСЖ.
Дортмунд исто така дал конкретна понуда вредна 35 милиони евра, но германскиот клуб му нуди поголема плата на играчот.