Шпанските медиуми денеска објавија дека искусниот кошаркарски стратег, Душко Ивановиќ, е нов предводник на Басконија.
Тоа значи дека Црногорецот ќе се врати во старото јато со кое во два наврата ја освои шампионската титула во домашни рамки, четири пати дојде до пехарот во Купот на кралот а еднаш и во Супер-купот на Шпанија.
Тој ќе дебитира на клупата на Басконија на мечот в четврток против Алба Берлин во рамките на Евро-лигата а неговиот договор ќе биде активен до крајот на сезоната. Ивановиќ досега има повеќе од 750 натпревари во различни конкуренции.