Германските медиуми објавија дека првите луѓе на фудбалскиот состав Баерн Минхен нема да му дозволат на Жером Боатен да замине во редовите на Арсенал иако „топчиите“ покажаа дека се заинтересирани за неговите услуги.
Имено, новиот менаџер на англискиот тим, Микел Артета, побарал да му биде донесен Боатенг во текот на зимскиот преоден рок. Според наводите агентот задолжен за трансфери на 31-годишниот Боатенг ги направил првичните контакти со челниците на Баерн за да ги дознае нивните планови.
Според „Билд“, тие јасно му потенцирале дека Боатенг нема да добие зелено светло за да замине во јануари.