Фудбалерот на Болоња, Џошуа Циркзи, поради повреда на мускулот би можел да го пропушти претстојното Европско првенство во Германија.
Холанѓанецот ја заврши сезоната во Серија „А“ со 11 голови и пет асистенции а неговиот тим си обезбеди место во Лигата на шампионите. Според проценките, 22-годишниот фудбалер ќе мора да паузира најмалку 4 недели и веројатно нема да биде дел од селекцијата на „лалињата“ на европскиот собир.
Тој нема настап за сениорската репрезентација додека во У21 има постигнато 19 голови.