Ѕвездата на Реал Мадрид,, Герет Бејл, во интервју за „АС“ посочи дека се чувствува како заробен во фудбалот.
„Како професионален фудбалер, немате право да избирате каде да бидете и во кое време, како на пример во тенисот и голфот. Се работи за тимски спорт. Практично ние сме како роботи. Ни кажуваат што и кога да јадеме, каде да бидеме, што да му кажеме на тренерот“ вели Бејл.
„Кариерата на фудбалерот е кратка, затоа не треба да биде тешко да се жртвуваат одредени работи од приватниот живот. Како професионалец имаш притисок, очекувања и критики од сите страни“ – потенцира Велшанецот кој сака да остане кај „кралевите“ иако тренерот, Зинедин Зидан, јавно најави дека не го сака во тимот.