Напаѓачот на Баер (Леверкузен), Леон Бејли заработи казна од три натпревари и парична казна од 20.000 евра за црвениот картон што го доби на мечот со Келн во саботата.
Тој го удри во лицето Кингсли Ехизибуе откако играчот на Келн го фаулираше. За овој чин, играчот на баер Леверкузен доби директен црвен картон, што беше проследено денес со оваа строга казна.
Репрезентативецот на Јамајка ќе ги пропушти последните две кола во Бундес-лигата за оваа календарска година во кои Баер ќе игра со Херта (Берлин) и Мајнц 05, како и првиот натпревар од 2020 година против Падерборн 07.