Конечно дојде денот кога Македонија ќе игра со Косово, а остануваат уште два дена до оваа средба која може да не однесе на чекор до пласман на ЕП.
Тоа го знаат и нашите репрезентативци, дефанзивецот Егзон Бејтулаи во пресрет на дуелот даде оптимистична изјава.
„Дојде денот да се собереме сите заедно и да се подготвиме за средбата со Косово. Очекуваме да се пласираме на Европско. Мораме да дадеме свој максимим и да го победиме Косово. Имаме респект за противникот, но нашата цел е јасна. Тимот е многу добар и веќе долго играме заедно, мислам дека ако дадеме сите максимум ќе победиме. Нема никаков психолошки притисок, ние сме професионалци, иако сите натпревари имаат тежина, важноста на овој дуел не би требало да има големо влијание на тимот“, изјави Бејтулаи.