Францускиот фудбалски состав Пари Сен Жермен сака да го купи играчот на Арсенал, Хектор Белерин.
Првата понуда испратена до англичаните е во висина од околу 30 милиони евра иако „топчиите“ бараат најмалку 40 милиони за потписот на дефанзивецот. Наводно, тренерот, Артета, дал дозвола 25-годишниот Шпанец да си замине бидејќи не влегува во неговите планови за наредната сезона.
Белерин кој има договор со Арсенал до јуни во 2023 година се наоѓа на радарот на Баерн Минхен и Јувентус.