Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, е прогласен за најдобар во Премиер-лигата во сезоната 2019/20.
Традиционално во гласањето учествуваа капитените на сите 20 екипи, избрани фудбалски експерти како и навивачите. Белгискиот репрезентативец кој забележа 20 асистенции успеа да го израмни рекордот на Тјери Анри кој имаше таков ефект во дресот на Арсенал во сезоната 2002/03.
Де Бруин кој сезоната ја заврши со 13 гола успеа да ја добие битката со Трент Александер-Арнолд од Ливерпул кој пак, беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Премиер-лигата.