Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, не ги криеше емоциите по вчерашната победа против Баерн Минхен и обезбедениот пласман во финалето во Лигата на шампионите.
„Тоа беше неверојатен меч. Уште од дете сум сонувал за такво нешто. Сега ми се исполни. Покажавме карактер и желба за победа“ – вели Англичанецот.
„Моето прво финале ќе биде во Англија, против Дортмунд. Ќе биде убаво да се видат дел од старите пријатели“ – потенцираше Белингем кој претходно играше за „милионерите“ од Германија.