Португалскиот тим Бенфика ги укина билетите на гостинските навивачи на Олимпик Марсеј за натпреварот од Лига Европа во четврток, откако клубот беше предупреден од властите за планирани судири меѓу поддржувачите на двата тима.
Бенфика ќе биде домаќин на Олимпик Марсеј во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа во четврток на стадионот „Луж“ во Лисабон.
Минатата недела француските власти им забранија на навивачите на Бенфика да присуствуваат на реваншот, што за една недела се игра на „Велодром“, а португалскиот клуб го следеше тоа што ги откажа веќе испечатените билети за навивачите на Марсеј за првиот натпревар.
Бенфика информираше дека тие биле предупредени од властите за закана по јавниот ред со извршување на акти на насилство во кои се вклучени навивачите на двата клуба, како и со безбедносните сили.
Во соопштението, Олимпик Марсеј рече дека ќе сторат „се што е во нивна моќ во интерес на нивните приврзаници за да обезбедат присуство на натпреварот во четврток во Лисабон“.
„Олимпик Марсеј ќе продолжи со напорите додека не добие позитивен одговор на случајот за своите приврзаници, чие однесување беше примерно оваа сезона во Европа“, се вели во соопштението.