Францускиот фудбалски интернационалец, Карим Бензема, сака да го напушти тимот на Ал Итихад, бидејќи не е задоволен од животот во Саудиска Арабија.
Напаѓачот тоа им го открил на неговите пријатели додека бил на лекување во неговата татковина. Бензема има договор до 2026 година и прашање е дали ќе го одработи.
36-годишниот фудбалер кој во летото во 2023 година го напушти Реал Мадрид, има трансферна вредност од 15 милиони евра.