Првиот напаѓач на француската фудбалска репрезентација, Карим Бензема, дефинитивно нема да настапи на Мундијалот во Катар.
Играчот на Реал Мадридја обновил повредата на бутниот мускул на еден од тренинзите и затоа ќе мора да го гледа Светското Првенство на малите екрани. Освојувачот на – „Златната топка“ за целата ситуација се огласи преку социјалните мрежи.
– Во животот никогаш не сум се откажал но, морам да го отстапам моето место на некој што може да му помогне на тимот, напиша Бензема.