Кошаркарската БИБЛ лига им предлага на клубовите првите четири кола да се одиграат во земјите од каде доаѓаат.
Со тоа треба да се избегне можноста од патувања во други земји барем во воведната фаза кога се на сила регулативите поврзани со заштита од Ковид-19. Другите десет рунди од натпреварувањето би се играле во периодот од декември до март.
Плеј-оф натпреварите и Ф4 турнирот ќе се одиграат во април догодина. Нашава земја ќе ја претставуваат Куманово и ТФТ.