Раководството на фудбалскиот состав Лидс се надева дека ќе го врати Арон Ленон на стадионот -„Еланд Роуд“ во текот на наредниот летен трансфер период. Според весникот „Сан“, менаџерот Марсело Биелса, инсистира да се направи таков потег со кој ќе се подигне квалитетот на тимот од Јоркшир.
Лидс е втор во Чемпионшип конкуренцијата а Аргентинецот од сега размислува за потенцијалните летни засилувања. 31-годишниот Ленон го напушти составот на Лидс пред 14 години кога замина во Тотенхем.
Тој во тековнава сезона во Премиер лигата ги брани боите на Барнли, но, може да го пропушти остатокот од првенството поради повредата на коленото што ја заработи во средината на декември во из минатата година.