Веќе се објавени цените на билетите за ЗОИ во Милано Кортина 2026. Истите ќе се движат од 30 евра за прелиминарните натпревари во машки и женски хокеј до речиси 3.000 евра за церемонијата на затворање во Верона Арена.
Најскапата спортска манифестација е финалето во хокеј за мажи каде цените на билетите се од 450 до 1.400 евра.
Организаторите објавија дека повеќе од 20 отсто од билетите за натпреварите во февруари се достапни за помалку од 40 евра, а повеќе од половина се по цена под 100 евра.
Зимските игри ќе се вратат во Италија по 20 години и ќе опфатат три италијански региони; Ломбардија, Венето и Трентино-Алто Адиџе.