Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа формирани групите за машкиот дел во Купот.
Победниците од секоја група ќе влезат во завршниот фајнел фор турнир. Вардар кој го брани пехарот од претходното издание ќе биде во конкуренција со Пролет, Голден Арт и Радовиш. Мечевите во групната фаза се закажани за 23. и 24. март. Еве го комплетниот преглед на групите.
Група 1: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс, Тиквеш
Група 2: Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино, Струга
Група 3: Пролет, Радовиш, Вардар, Голден Арт
Група 4: Еурофарм Пелистер, Скопје, Охрид, Куманово