Искусниот италијански фудбалер, Леонардо Бонучи, е подготвен да го раскине договорот со германскиот Унион Берлин и да се пресели во Рома, објавија денеска повеќе италијански медиуми.
Мурињо претходно изјави дека сака да купи барем еден стопер но, прашање е како ќе реагираат фановите од Рим ако се знае дека Бонучи играше за нивните големи ривали.
36-годишниот фудбалер сака да остане најмалку годинa и половина во новиот состав иако Рома го планира само за една сезона.