Тренерот на Борусија (Д), Един Терзиќ, би можел да добие отказ доколку клубот од Дортмунд не победи на следните два меча во Бундес лигата против Унион Берлин и Вердер Бремен, пренесуваат германските медиуми.
Борусија е на четвртото место во Бундеслигата, со 20 бода помалку од првопласираниот Баер Леверкузен. Тимот од Дортмунд беше поразен од Хофенхајм во претходното коло од германскиот шампионат на домашен терен (2:3). Германските медиуми пренесуваат дека Терзиќ по тој пораз добил ултиматум од првиот човек на клубот.