Кошаркарите на Бостон на домашен терен го победија Мајами со 118:84 и се пласираа во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција на НБА лигата. Џејлен Браун и Дерик Вајт ги предводеа Селтикси до 4:1 во серијата со по 25 поени, Сем Хаузер додаде 17, а Џејсон Тејтум забележа 16 поени и 12 скока.
Бем Адебајо беше најдобар во тимот на Мајами со 23 поени.
Бостон во второто коло од плеј-офот ќе игра со победникот од серијата меѓу Кливленд и Орландо. Кавалирс водат со 3:2.
Далас поведe со 3:2 против Лос Анџелес Клиперс во првото коло од плеј-офот на Западната конференција, откако на гости победи со 123:93. Најзаслужен за победата на Далас беше Лука Дончиќ, кој во вториот дел постигна 20 од своите 35 поени и на тоа додаде десет асистенции и седум скока. Макс Клебер постигна 15, а Кајри Ирвинг и Џејден Харди придонесоа во победата на Мавс со по 14 поени.
Следниот натпревар од оваа серија е закажан за ноќта меѓу петок и сабота во Далас.