Екипата на Ал Итихад го промовираше новото засилување, Фабињо, кој деновиве беше купен од англискиот Ливерпул за 40 милиони фунти.
Бразилецот е третиот најскап трансфер во текот на летово во Саудиска Арабија. Играчот од средниот ред потпиша договор за минимум три години.
Неговата плата ќе биде 25 милиони евра плус дополнителни бонуси.