Федерика Брињоне е победничка на женскиот супервелеслалом возен денеска во рамките на Светски скијачки куп во Вал Д’Изер.
Италијанката на крајот ја мина патеката за 1:21.58 минути. Второто место со речиси половина секунда заостанување и припадна на Кајси Ли од Норвешка, додека на третото место заврши уште една Италијанка, Софија Гоџа.
Во генералниот пласман во Супер-Џи по две трки води Гоџа со 160 бодови, додека Брињоне е втора со 145. Американката Микаела Шифрин е прва во генералниот поредок со 620 бодови.