Мароканскиот фудбалер во ПСЖ, Ашраф Хакими, потпиша нов договор со кој ќе остане во Франција до 2029 година.
Десниот бек во 2021 година го напушти составот на Интер и се пресели на „Паркот на принцовите“.
Тој има три пехари од Лига 1, два од Купот на Франција и исто толку од Супер-купот на земјата.