Фудбалерот на Барселона, Серхио Бускетс, по вчерашниот пораз на теренот на Реал Мадрид во дербито на Ла Лига, потенцираше зошто неговиот состав остана со празни раце на „Сантијаго Бернабе“.
„Не успеавме да ја зголемиме предноста на табелата и да направиме исчекор кон титулата. Првото полувреме беше добро, но, во второто, многу работи се променија. Имаме проблем да ја изнесеме топката од нашата половина и тие го искористија тоа за да не притискаат“ – вели Бускетс.
„Ја загубивме контролата кога почнавме да ги губиме топките во нашата половина. Не знаеме да ја изнесеме топката кога ни прават директен притисок човек на човек и тоа беше клучот. Има уште многу натпревари до крајот на сезоната“ – изјави Бускетс.