Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, верува дека првата титула за неговиот тим во Бундеслигата е добра работа за германскиот фудбал, откако заврши серијата на Баерн Минхен од 11 последователни првенствени титули.
„Среќен сум за сите. Можеби е здраво Бундеслигата да ја освојуваат и другите тимови. Мораме да уживаме. Тоа е одличен момент. Сега е време да славиме, денес тоа го заслуживме”, прокоментира Шпанецот.
Леверкузен може да дојде и до „тројна круна“ доколку ги освои Лигата на Европа и Купот на Германија, каде е во финалето се среќава со второлигашот Кајзерслаутерн.
„Ќе се фокусираме на Вест Хем многу брзо, но не вечерва. Следната недела е нешто друго. Играчите се од врвен тим, тие се врвни момци. Сè уште имаме големи цели за оваа сезона. Тоа е многу добро и за мене. Чувството е навистина неверојатно“, изјави Алонсо.