Мундо Депортиво, објави дека тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави, може да остане кај Каталонците иако во почетокот на годинава најави дека ќе си замине од „Камп Ноу“.
Весникот повикувајќи се на близок пријател на Чави, открива дека стратегот поставил одредени услови до челниците ако сакаат да го задржат и за наредните сезони.
Шпанскиот стручњак инсистира да се купат : Силва од Манчестер Сити, играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих.