Доминацијата на европските репрезентации на Светското првенство не го изненади претседателот на УЕФА Александар Чеферин.
Завршницата на СП им е оставена само на селекции од Стариот континент откако Уругвај и Бразил беа елиминирани во четвртфиналето од Франција и Белгија. Овие две екипи ќе се сретнат во првото полуфинале, додека другото го сочинуваат Англија и Хрватска.
„Не сум изненаден, бидејќи организацијата во европскиот фудбал е уникатна. Има подобра инфраструктура и повеќе технички одговорни лица. Се работи тотално различно и работите се подобруваат од година на година. За мене не е изненадување дека 10 од 13 репрезентации ги поминаа групите, шест од осум стигнаа до четвртфиналето и четири од четири во полуфиналето”, рече Чеферин за време на неговата посетата на Рига.
„Сега веќе сум мирен, бидејќи еден од нашите тимови ќе победи. Франција е фантастичен и модерен тим, а Белгија и Хрватска имаат одлични индивидуалци. Англичаните пак се толку силни како што не биле со години и во последниве децении”, пзаврши првиот човек на УЕФА , Александар Чеферин.