Голманот на Арсенал, Петр Чех , кој вчера го најави своето повлекување од активниот фудбал на крајот на сезоната, може веднаш да добие работа во еден од наговите претходни клубови.
Според “Тајмс”, екипат ана Челзи е подготвена да му понуди на 36-годишниот голман да почне да работи како тренер во младите категории, или пак да се нафати да ја има улогата на клупски амбасадор.
Чех одигра 124 натпревари за репрезентацијата на Чешка, а во Челзи беше во периодот од 2004 до 2015 година, со што стана една од легендите на клубот.