Еден од најдобрите голмани на денешницата, Петр Чех, кој ги брани боите на Арсенал, најави дека по завршување на сезоната ќе се прости од активно играње на фудбал.
Легендарниот чувар на мрежата кој набрзо ќе наполни 37 години повеќе од две децении е меѓу стативите. Тој сега ги брани боите на „топчиите“, но, најблескавите мигови во кариерата ги имаше во дресот на Челзи. Чех со „сините“ освои четири титули во Премиер лигата на Англија а се израдува и на победничките пехари во Лигата на шампиони и Лигата на Европа.
„Поминаа дваесет години откако го потпишав првиот професионален договор. 15 години сум во Премиер лигата и освоив се што можеше да се освои. Мислам дека е време да се повлечам“ – потенцираше Чех.