Челзи бара нов голман, но тоа не значи дека Кепа Аризабалага ќе си замине од тимот. Тоа го потенцирал легендарниот голман на „сините“, Петар Чех, кој сега работи како технички советник во клубот.
Извесен период се шпекулира дека лондончани бараат нов чувар на мрежата откако Шпанецот не го оправда неговиот рекорден трансфер.
„Новите играчи ќе бидат регрутирани во тимот – дури и за позицијата голман“призна Чех. „Сега разговараме за тоа и никој не се откажа од Кепа“ – вели Чех.