Францускиот централен дефанзивец Маланг Сар е уште едно ново име во екипата на Челзи. Трансферот официјално го потврди лондонскиот клуб.
Сар (21) пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ како слободен агент откако му истекол договорот со Ница. Договорот со неговиот нов тим е на пет години, а Сар ќе ја помине сезоната 2020/21 на позајмица во друг тим.
Маланг Сар е дел од школата на Ница уште од 5 години, а на 17-годишна возраст го направи своето деби за првиот тим, од тогаш има одиграно 102 натпревари за тимот од Азурниот брег.
Од почетокот на трансфер периодот Челзи се засили со Хаким Зијеш, Тимо Вернер и Бен Чилвел, а се очекува да се приклучат Тиаго Силва од ПСЖ и Каи Хавертц од Баер Леверкузен.