Актуелниот шампион во Мото ГП класата, Франческо Бањаја победи на денешната трката за ГН на Холандија која се возеше во Асен.
Ова е четврта победа на возачот на Дукати сезонава и 15-та во кариерата, а со неа се зацврсти на лидерската позиција во генералниот пласман со 194 бода, дури 35 повеќе од Хорхе Мартин.
Второто место му припадна на Марко Беѕеки додека Бред Биндер и покрај тоа што го освои третото место, беше казнет со едно место подоле, и поради тоа последната позиција на подиумот му припадна на Алеш Еспаргаро.
Бањаја стартуваше од втората позиција, на првиот свиок беше поминат од Биндер, но во следниот круг изби на првото место и до крајот на трката не дозволи никој да му го загрози. Биндер беше трет откако успеа да ги одбие нападите на Алеш Еспаргаро, но поради излегување од патеката во последниот круг, беше казнет со едно место подоле и заврши четврти.