Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, ќе го пропушти гостувањето кај Саутемптон во текот на викендот во рамките на новото коло во фудбалската Премиер лига на Англија.
Интернационалецот од Чиле се повредил на вчерашниот трениг и според првичните проценки на лекарите, ќе треба да одмора најмалку од две до четири недели. Санчез денеска ќе оди на дополнителни медицински тестови за да се утврди точно неговиот степен на повреда.
„Црвените ѓаволи“ пред гостувањето кај Саутемптон, се наоѓаат на седмото место на табелата во Премиер лигата со само 21 бод.