Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, потенцираше што сака да направи откако ќе ја заврши кариерата во професионалните води.
„По фудбалот сакам да се фокусирам на создавање на семејство. Кога ќе престанете да играте, нешто во вас умира“ – потенцираше црномурестиот играч на „кралевите“.
„Не сакам да имам допирна точка со спортот. Повеќе би сакал да станам директор на компанија“ – откри како размислува репрезентативецот на Франција.