Под водство на новиот селектор, Дагур Сигурдсон, хрватските ракометари во Хановер ќе бараат виза за Олимписките игри. Тие пред три години не беа во Токио и затоа пласманот во Париз е апсолутен императив.
Стручниот коментатор на Нова ТВ и поранешен ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, вели дека ангажманот на познатиот Исланѓанец е вистински потег.
„Сериозен тренер, со сериозно CV, особено преку германската репрезентација и Фуксе Берлин. Тој заврши многу добра работа во Јапонија и верувам дека ќе одиме на Олимписките игри“ – истакна Чупиќ