Репрезентацијата на Хрватска го доживеа првиот пораз на Европското првенство 2024 кое се реализира во Германија.
„Коцкестите“ загубија од Франција со 34:32 во натпревар од првото коло од главната фаза. Хрватот Лука Циндриќ вели дека грешките на крајот го решиле мечот.
„Одигравме добар меч, се боревме континуирано. На крајот направивме неколку грешки а противникот не казни. Сега треба да размислуваме за наредните мечеви и да ја задржиме мотивацијата“ – вели Циндриќ во изјавата за „Балкан Хендбол“.