Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед ќе му понуди плата од 200 000 фунти неделно на норвешкиот талент, Ерлинг Халанд, тврди денеска весникот-„Сан“.
19-годишниот голгетер од редовите на австрискиот Салцбург успеа да даде 28 голови на 22 одиграни натпревари и со тоа да го привлече вниманието на голем број европски гиганти.
Според медиумите во Австрија, Ерлинг дефинитивно сака да ја промени средината а за неговите услуги покрај Манчестер Јунајтед се заинтересирани и екипите на Јувентус и на Борусија Дортмунд.