Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, знае дека го очекува пеколен распоред во наредниот период и дека неговиот тим ќе мора да одигра максимално ако сака да ги исполни превидените цели.
Екипата од – „Олд Трафорд“, прво ќе ја пречека Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите а потоа ќе му биде домаќин на Вест Хем. На средината од месецов четата на Солскјер ќе го одигра и реваншот на „Камп Ноу“ а веднаш потоа ќе гостува кај Евертон и ќе го одигра дербито со Сити.
Кон крајот на април, Манчестер Јунајтед ќе треба да реализира и дуел против Челзи во англискиот шампионат.