Вториот последователен натпревар на Манчестер Јунајтед во фудбалската Премиер лигата и официјално е одложен поради големиот број на заразени играчи и вработени во 20-кратниот шампион на Англија.
Тоа е средбата од 18. коло во елитното англиско првенство против Брајтон, кој требаше да се одигра утре на Олд Трафорд. Јунајтед требаше да гостува во Брентфорд во вторник, но и тој натпревар беше одложен.
Според информациите на англиските медиуми, вкупниот број на заразени фудбалери и вработени во Манчестер Јунајтед е поголем од 20-ет.