Првите луѓе на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед се откажале од намерата да го купат играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл, објавија дел од медиумите меѓу кои и „ESPN“.
Според наведеното, тимот од „Олд Трафорд“ проценил дека репрезентативецот на Велс ќе биде многу скап на трансфер пазарот и дека неговата плата ќе влијае значително на клупскиот буџет. Брзоногиот напаѓач по враќањето на Зинедин Зидан воопшто не се чувствува среќен во редовите на „кралевите“ и затоа во неколку наврати најави можно заминување.
Бејл досега има одиграно 224 мечеви со ефект од 102 гола и 63 асистенции. Тој откако во 2013 година го одблече дресот на Реал мадрид успеа да освои дури четири титули во Лигата на шампионите.