На ЦСКА (М) нема да и биде дозволено да учествува и следната сезона во Евролигата, објавија руски медиуми.
Клубовите акционери во Евролигата на 16 јуни ќе одржат состанок на кој и официјално ќе се разгледа ова прашање.
Во март, Евролигата ги суспендираше сите руски клубови, ЦСКА, Зенит и УНИКС, од учество во сезоната 2021/22 и ги поништи нивните резултати. За разлика од другите руски клубови, ЦСКА е во одборот на акционери на лигата и има долгорочна А лиценца.
Претходно, почесниот претседател на ВТБ-лигата, Сергеј Иванов, изјави дека московјани можат да поднесат голема тужба против Евролигата доколку не им биде дозволено да се вратат во натпреварувањето.