Македонските претставници доминираа во машкиот дел на трката на 5 километри која е дел од традиционалниот – „Виз Ер Скопски маратон.
Првото место го освои Богдан Цветковски, втор заврши Крстијан Стојани а трет Леонид Вандевски.Во конкуренција на жени, најбрза беше Креша Бакрачи од Косово, втора низ целта помина Марго Бојаџиева од Македонија а трета нашата маратонка, Викторија Ѓорѓевска.
По отприлика еден час на главниот маратот, во водство се Кенијските претставници кои се и главни фаворити за освојување на победничкиот пехар. Скопскиот маратон може да се следи тековнo и на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.